Три возила во судир кај Битола: Четири лица повредени, возач под забрана за управување

Двајца возачи претрпеа тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на патот Битола – Маково, близу до селото Логоварди. Според податоците од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 20-ти јуни, во 00:19 часот, и во неа биле вклучени три патнички возила: „Ауди“, управувано од 23-годишниот Д.Б. од Логоварди, „Форд“, управуван од 23-годишниот А.П. од Битола, во кое се наоѓал и 13-годишен сопатник, како и „Мазда“, управувана од 23-годишен возач.