Трамп за Сирија: Ова не е наша борба, САД не треба да се вмешуваат

Доналд Трамп, новоизбраниот претседател на САД, се огласи на социјалните мрежи со став дека САД не треба да се вклучуваат во конфликтот во Сирија, каде бунтовничките сили се закануваат на администрацијата на претседателот Башар ал-Асад.

„Опозициските борци во Сирија, во потег без преседан, целосно заземаа голем број градови во исклучително координирана офанзива и сега се на прагот на Дамаск, очигледно подготвувајќи се за голема офанзива кон отстранување на Асад. Русија, бидејќи е врзана во Украина и со тамошни загуби од над 600.000 војници, се чини немоќна да го запре овој буквално марш низ Сирија, земја која ја заштитуваа со години. Тука поранешнниот претседател Барак Обама одби да ја испочитува обврската за заштита на ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА и настана хаос, со навлегување на Русија. Но сега тие, веројатно како и самиот Асад, се присилени да напуштат и тоа можеби е најдоброто што може да им се случи. Никогаш немаше голем бенефит во Сирија за Русија, освен да направат Обама да изгледа навистина глупаво. Во секој случај, Сирија е хаос, но не е наш пријател, и САД НЕ ТРЕБА ДА ИМААТ НИШТО СО ТОА. ОВА НЕ Е НАША БОРБА. ОСТАВЕТЕ НЕКА СЕ ОДИГРА. НЕ СЕ ВМЕШУВАЈТЕ!“, порача Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

 

- Реклама -