Американскиот претседател Доналд Трамп ја сподели својата перспектива за непотврдени информации околу здравствената состојба на новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи. Тој изрази сомнеж во врска со тоа дали Хамнеи е жив, истакнувајќи дека многумина се обидуваат да дознаат вистината.
„Ме прашавте дали е жив или не. Многу луѓе се обидуваат да го утврдат тоа“, изјави Трамп. Според него, Хамнеи најверојатно е во живот, но можеби е и повреден. „Мислам дека веројатно е жив. Сепак, сметам дека е оштетен, но најверојатно е жив во некоја форма“, додаде претседателот.
Трамп се задржа и на односот помеѓу Мојтаба Хамнеи и неговиот предходник, кој исто така беше врховен лидер на Иран, и напомена дека „тоа не е некој кого таткото дури ни сакал да го наследи“.




