Трамп за Ен-Би-Си: Апсолутно ќе размислам за повлекување на САД од НАТО

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека апсолутно ќе размисли за повлекување на САД од НАТО.

За NBC тој исто така најави дека планира да го укине правото на стекнување со американско државјанство по основа на раѓање, уште првиот ден кога ќе ја преземе функцијата.

Во првиот ден назад на чело на САД Трамп, како што најави, ќе ги помилува и обвинетите за упадот во Капитолот на 6 јануари 2021 година, пренесува Ројтерс.

Тој истакна дека нема да ја ограничи достапноста на концтрацептивните пилули „ден потоа“.

Рече и дека нема да се обиде да го замени претседателот на Федералните резерви – Џером Пауел.

Целта во четиригодишниот мандат, вели, ќе му биде да ги депортира сите имигранти нелегално влезени во САД.

Трамп треба да ја преземе функцијата на 20 јануари следната година.

Извор: Б92

- Реклама -