Тој не спомена временска рамка или место за средбата, која ќе биде прва меѓу лидерите на САД и Русија од почетокот руската инвазија во Украина во февруари 2022 година
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин многу брзо откако официјално ќе ја преземе функцијата следната недела.


Тој не спомена временска рамка или место за средбата, која ќе биде прва меѓу лидерите на САД и Русија од почетокот руската инвазија во Украина во февруари 2022 година.
„Знам дека сака да се сретнеме и ќе се сретнам со него многу скоро. Ќе го направев тоа порано, но…прво морам да влезам во канцеларијата. За некои работи, мора да бидеш таму”,
изјави Трамп.
Прашан за неговата стратегија за завршување на војната, Трамп за „Њузмакс“ изјави дека постои само една стратегија и оти таа зависи од Путин.
Американскиот конгресмен Мајк Волц, идниот советник за национална безбедност, во неделата изјави дека очекува повик за средба Трамп и Путин во наредните денови и недели.
Во меѓувреме, Швајцарија и Србија изразија подготвеност да бидат домаќини на евентуална средба на највисоко ниво меѓу Трамп и Путин.