Трамп тврди дека иранската морнарица е „целосно уништенa“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранската морнарица е „целосно уништена“. Тој истакна дека САД ќе ги елиминираат и помалите бродови ако се приближат до американската блокада на иранскиот брег. Во објава на својата платформа Truth Social, Трамп изрази уверување дека „иранската морнарица лежи на дното на морето“ и дека 158 бродови веќе се уништени, иако помалите брзи нападни бродови засега не биле цел на нападите.

Трамп предупреди дека секој ирански брод што ќе се приближи до блокадата ќе биде моментално уништен, додавајќи дека САД ќе применуваат слична стратегија како при операции против шверц на дрога на море. Според информациите од медиумите, американската поморска блокада веќе е активна и опфаќа целокупниот ирански брег, вклучувајќи го и морскиот сообраќај во Оманскиот Залив и Арапското Море, без разлика на регистарските знамиња на бродовите.

Прочитајте и:  Трамп ги повика конгресмените да го одобрат воениот пакет од 350 милијарди долари.

Тензиите дополнително се зголемуваат околу Ормускиот теснец, кој е клучен за глобалниот транспорт на нафта, при што аналитичарите предупредуваат на можноста од ескалација во директен поморски конфликт.