Трамп повтори дека има намера да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговиот план за Појасот Газа, според кој САД ќе ја преземат контролата врз палестинската територија што ќе биде испразнета од нејзините жители за да може повторно да се изгради, не бара „брзање“.
„Апсолутно нема брзање“,
рече американскиот претседател.
Тој вчера изјави дека Газа ќе биде предадена на САД од Израел на крајот на борбите. Дотогаш, Палестинците „веќе ќе бидат преселени“ на друго место во регионот, особено во Египет или Јордан.
Двете земји ја отфрлија таквата опција, што предизвика и меѓународни критики, со предупредување од ОН дека тоа може да значи етничко чистење. Тоа беше жестоко отфрлено и од Хамас и од палестинската управа на Западниот Брег.
Трамп денеска во краткото обраќање пред новинарите во Овалната соба рече дека најверојатно ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела.
„Веројатно ќе се видиме следната недела“,
рече тој.
Трамп повтори дека има намера да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин.
За време на неговата кампања, Трамп вети дека веднаш ќе стави крај на војната во Украина по неговото враќање на власт.
Зеленски оваа недела рече дека е подготвен директно да преговара со Владимир Путин. Изјавата беше отфрлена од Кремљ, сметајќи ја за „празни зборови“.