Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека американските воени сили се подготвени за нова серија напади врз Иран. Тој истакна дека планираат да го заземат островот Харг како дел од пошироките напори за „целосна контрола“ над нафтените и гасовите ресурси во оваа земја.
Во својата објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп нагласи дека американските сили ќе продолжат со акцијата, потврдувајќи ја својата намера за засилување на позициите на САД во регионот.




