Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува за средба со рускиот лидер Владимир Путин, која е планирана за почетокот на следната недела, информира денеска весникот „Њујорк тајмс“, цитирајќи два неименувани извора.
По таа средба, Трамп ќе се состане и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. За оваа последна средба биле информирани и европските лидери, кои учествувале во телефонски разговор меѓу Трамп и Зеленски.
Трамп, исто така, денеска сподели дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф постигнал значаен напредок во преговорите со Путин во Москва.




