Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави планираат да испратат дополнителни 5.000 војници во Полска. Оваа информација доаѓа само два дена по изјавата на потпретседателот Џеј Ди Венс, кој пред новинарите истакна дека распоредувањето на американските сили во Полска ќе биде одложено. Во моментов, САД го разгледуваат своето воено присуство во Европа, а се очекува да дојде до намалување.




