Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли наводите дека САД планираат да му дадат на Иран 300 милијарди долари во рамките на неодамна потпишаниот меморандум за соработка. Тој оцени дека ваквите информации се „лажни вести“.
Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп истакна дека нема никаква американска исплата за Техеран и дека договорот ќе донесе придобивки за Вашингтон, како што се пониски цени на нафтата и позитивни ефекти на економијата. „Нема никакви исплати за Иран“, порача тој.




