Трамп не одговори на прашањето дали ќе издаде наредба за напад на иранските нуклеарни инсталации.

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, на денешниот брифинг со новинарите во Белата куќа, не сакаше да открие дали планира да издаде наредба за напад врз нуклеарните капацитети на Иран.

„Можеби ќе го направам тоа, а можеби и не. Никој не знае што ќе следува“, изјави Трамп.

Тој изрази разочараност поради одбивањето на Иран да се согласат на договор пред истекот на рокот од 60 дена. Трамп тврди дека Иран сега сака да преговара, но според него, „сега е премногу доцна за дијалог“ и повтори дека Техеран треба „безусловно да се предаде“.

„Потоа, ќе ги уништиме сите нуклеарни објекти во Иран“, додаде Трамп.

На прашањето за синоќешниот телефонски разговор со Бенјамин Нетанјаху, израелскиот премиер, Трамп сподели дека го смета за „добар човек“ кој „одлично си ја завршува работата“ и така му порачал „да продолжи“.