Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше германскиот канцелар Фридрих Мерц во новата објава на неговата социјална мрежа, што дополнително ја заостри конфронтацијата меѓу Вашингтон и Берлин. Конфликтот избувна откако Мерц изјави дека Иран ги понижува САД со одолговлекување на преговорите во врска со својот нуклеарен програм.
Трамп не задоцни со реакцијата, обвинувајќи го германскиот канцелар дека „мисли дека е во ред Иран да поседува нуклеарно оружје“ и дека „нема поим за за што зборува“. Само еден ден подоцна, Трамп најави дека Вашингтон размислува за намалување на бројот на американски војници во Германија, што може да предизвика сериозни последици за односите во рамките на НАТО.
„Германскиот канцелар треба да се концентрира на завршувањето на војната меѓу Русија и Украина, во што не успеа, и да се справи со проблемите во својата држава, особено со миграцијата и енергетиката, наместо да се меша во работите на оние кои се борат против иранската нуклеарна закана“, напиша Трамп.
Спротивно на тоа, Мерц во своето обраќање избегна директна конфронтација, но испрати јасна порака. Тој го нагласи силното сојузништво со САД и единството во НАТО, укажувајќи дека Германија останува посветена на јасен курс и сигурно партнерство со Вашингтон. Иако не го спомена Трамп, пораката беше јасна: Берлин не се повлекува од трансатлантските врски, и покрај напнатите односи.




