Американскиот претседател Доналд Трамп упати закана кон Оман ако оваа заливска држава одлучи да застане на страната на Иран во нивните обиди за заедничка контрола над Ормускиот Теснец. Во своето обраќање на седница на американската влада, Трамп нагласи дека САД нема да дозволат Иран и Оман да управуваат со овој стратешки важен поморски премин.
„Никој нема да го контролира теснецот. Ние ќе го надгледуваме, но контролата не може да биде на никого. Тоа е дел од преговорите што ги водиме“, изјави Трамп.
Потоа, американскиот претседател испрати директна закана кон Оман: „Оман ќе се однесува како и сите други или ќе бидеме принудени да ги дигнеме во воздух. Тие знаат што значи тоа. Сè ќе биде во ред“, истакна тој.
Според извори од медиумите, Оман претходно делуваше како посредник во разговорите помеѓу САД и Иран, пред избувнувањето на конфликтот на 28 февруари. Ормускиот Теснец е познат како една од најзначајните светски поморски рутите за транспорт на нафта и гас, а последните изјави на Трамп дополнително го зголемија напетоста во регионот.




