Трамп ја запира имиграцијата од 19 неевропски земји

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изрази сериозни критики за Сомалија и мигрантите од оваа земја, откако неговата администрација објави одлука за стопирање на сите барања за доселување од 19 неевропски држави, повикувајќи се на потребата за заштита на националната и јавната сигурност. Трамп говореше на настан во сојузната држава Минесота, каде што, според локалните извори, неговите зборови предизвикаа значителни реакции меѓу присутните.