Трамп: Иран сака договор, разговорите напредуваат
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите со Иран се во многу позитивна насока и дека Техеран е заинтересиран за постигнување спогодба. Говорејќи во Мемфис, Трамп нагласи дека постои добра шанса за договарање со Иран.
„Го отстранивме сè што можеше да биде отстрането во Иран, вклучувајќи ги и нивните лидери“, изјави тој, додавајќи дека Иран има уште една можност да ги заврши своите закани спрема Соединетите Американски Држави и нивните сојузници.
„Во моментов водиме навистина конструктивни разговори. Започнавме синоќа и продолживме вечерта пред тоа. Мислам дека преговорите се многу добри. Тие сакаат мир и се согласиле да немаат нуклеарно оружје. Но, мораме да го завршиме тоа“, рече Трамп.
Претседателот повтори дека Иран има уште една можност да ги заврши заканите кон Америка и нејзините сојузници и изрази надеж дека ќе ја искористи. „Во секој случај, Америка и целиот свет наскоро ќе бидат многу побезбедни“, додаде тој.
Трамп исто така потсети на претходните тврдења за уништување на воените капацитети на Иран, нагласувајќи дека „систематски ја разградуваме способноста на режимот да ѝ се заканува на Америка“. И покрај негирањата од иранска страна, претседателот потврди дека САД и Иран водат преговори, со цел да се постигне договор кој ќе биде корисен за сите, вклучувајќи ги и блискоисточните сојузници и Израел.




