Трамп го одложи воведувањето на реципрочните царини до 1 август.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна наредба која го продолжува применувањето на реципрочните американски царини до 1 август. Ова одложување доаѓа во време кога истекува рокот за завршување на трговските преговори за царинскитеSpark.

Трамп истакна дека, ако до 1 август не се постигне договор, ќе воведе царини од 25% на стоките од Јапонија и Јужна Кореја. Планира и воведување повисоки царини од 40% на производите од Мјанмар и Лаос, 36% за Камбоџа и Тајланд, 35% за Бангладеш и Србија, 32% за Индонезија, 30% за Босна и Херцеговина и Јужноафриканска Република, како и по 25% за Тунис, Малезија и Казахстан.

Прочитајте и:  Повеќе пловила поминале низ Ормуската Теснина и покрај обновените тензии на Блискиот Исток