Американскиот претседател Доналд Трамп го повика украинскиот лидер Володимир Зеленски да делува побрзо во преговорите со Русија, истакнувајќи дека постои realна можност за постигнување договор. „Русија сака да се постигне договор, а Зеленски мора да реагира – во спротивно ќе ја пропушти одличната можност. Време е за акција“, изјави Трамп пред медиумите.
Русија и Украина организираа две рунди мировни преговори со посредство на Соединетите Американски Држави во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, во јануари и претходно овој месец. Како резултат на овие состаноци, беше договорена првата размена на воени заробеници по пауза од пет месеци.
Од Кремљ денеска соопштија дека следната рунда преговори меѓу Русија и Украина ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Женева, Швајцарија.




