Трамп: Без мојот придонес, НАТО не би постоел денес.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика внимание со својата последна контроверзна изјава на социјалната мрежа Truth Social. Тој тврди дека без неговото вмешување, денеска НАТО не би постоел. Според неговите зборови, немало друг претседател во историјата што направил толку многу за Алијансата, нагласувајќи дека НАТО би завршил „на сметилиштето на историјата“ ако тој не се вмешал.

„Ако не бев тука, денес немаше да имаме НАТО. Тој ќе беше заборавен“, напиша Трамп, потпишувајќи ја пораката со иницијалите „Претседател ДЏТ“. Оваа изјава доаѓа поради неговите повторни критики кон земјите членки на Алијансата, особено во Европа, за недостаток на финансиски средства за одбрана. Тој инсистира дека токму под неговиот притисок, воените буџети на НАТО биле зголемени.

Трамп е познат по своите контроверзни изјави, кои често предизвикуваат бурни реакции меѓу сојузниците. Неговото тврдење дека Алијансата била одржана исклучиво поради неговото лидерство повторно отвора дебата за иднината на трансатлантските односи и улогата на САД во колективната безбедност.