Влатко Трајковски, бранител од 2001 година и учесник на протестите и настаните на 27 април за време на „Претрес со Ландов”, споделува своите сеќавања од 2017 година, по тие значајни настани. Во неговата потресна приказна, вели: „Обвинителите ми понудија да потпишам признание и да одам против други затвореници, ветувајќи ми полесна казна или ослободување, но јас не прифатив.”
Тој истакна: „Децата знаат дека не сум терорист. Политиката ми донесе затвор, Заев ме затвори. Гневен сум на себе, можев да направам многу, но не направив ништо на 27 април. Сега сум осуден терорист. Не се каам што сум бранител, но сум лут на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои само се грижеле за своите интереси, а од Собранието не направија ништо.”
На споменувањето на Никола Груевски, кој во 2017 година ги повикуваше граѓаните да не остануваат дома и да излезат на протест, Влатко не сакаше да коментира многу, само нагласуваше дека бил добар политичар и солиден економист.
„Во 2001 година, Бранко Црвенковски, Борис Трајковски и Љубчо Георгиевски ја предадоа Македонија. Војната беше фабрикувана. Од терористи ги направија бранители на човековите права. Овој народ не заслужува своја држава. По казната, планирам да ја напуштам државата,” заклучува Влатко Трајковски.



