Трагично заврши животот на младниот охридски фотограф Кристијан Љушев

Во трагичен настан што се случи денеска во станбена зграда која е во изградба, животот го загуби младиот охридски снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев, во својата 28-ма година. Кристијан припаѓаше на новата генерација креативци, кои со својот уникатен стил и енергија оставија трајна зацртана линија на домашната сцена.

Зад себе остави бројни аудиовизуелни проекти кои допреа до широката публика, работейки во разни формати – од рекламни кампањи и музички видеоспотови до документарни и интернационални продукции. Како автор и креативен соработник, соработуваше со неколку познати музички имиња, вклучувајќи ги Александар Јосифоски, Мартин Милески, Влатко Броз, групата „Марама“ и многу други.

Проектите инспирирани од македонската традиција, духовност и културно наследство имаа особено значајно место во неговото творештво. Со својата камера ги бележеше традиционалните настани и секојдневието во Охрид и околината, вклучувајќи се и во важни проекти поврзани со Бигорскиот манастир. Неговата работа укажуваше на искрена посветеност, чувствителност кон просторот и луѓето, и на еден автор со јасна визија, чиј творечки пат прерано згасна.