Поранешниот голман на австриската репрезентација, Александар Манингер (48), tragично го загуби животот во железничка несреќа, објави денеска Фудбалската федерација на Австрија (ОФБ).
Според австриските медиуми, инцидентот се случил во близина на Салцбург, кога воз на необележан премин удрил во автомобилот во кој се наоѓал Манингер.
Во текот на својата кариера, Манингер одигра 33 натпревари за австриската репрезентација, а на клубски план беше дел од некои од најпознатите тимови, вклучувајќи Салцбург, ГАК, Арсенал, Фиорентина, Торино, Болоња, Сиена, Удинезе, Јувентус, Еспањол, Аугсбург и Ливерпул.
„Александар Манингер беше голем амбасадор на австрискиот фудбал, како на теренот така и во секојдневниот живот. Со својата меѓународна кариера, постави високи стандарди и инспирираше многу млади голмани. Неговиот професионализам, смиреност и сигурност го направија важен член на тимовите во кои играше“, се вели во соопштението на ОФБ.




