Аеродромот „Ил Караваџо“ во близина на италијанскиот град Бергамо привремено ги суспендираше летовите поради инцидент на пистата. Локалните медиуми известуваат дека инцидентот се случил кога непозната личност втрчала на пистата и била вовлечена во моторот на авионот.
Управата на аеродромот Бергамо-Милано соопшти дека сите летови беа прекинати од 10:20 часот наутро до пладне по локално време поради проблем кој се појавил на патеката за полетување.
Истрагата за настанот е во тек. Весникот „Кориере дела Сера“, повикувајќи се на неименувани извори од аеродромот, објави дека лицето втрчало на пистата во моментот кога авионот полетувал, што довело до трагичен исход.
Засега, причина за присуството на оваа личност на пистата не е позната, бидејќи не била ни патник, ниту вработен на аеродромот.
Авионот, модел Ербас А319, управуван од компанијата Волотеа, летал од Орио до Астурија во Шпанија.




