Четири лица загинаа, а едно е повредено во тешка сообраќајна несреќа која се случи денеска околу 12:25 часот на северната обиколница на Вировитица во Хрватска. Според првичните информации, несреќата се случила при судир на две возила на државниот пат ДЦ 538.
Хрватските медиуми известуваат дека на местото на несреќата е повикан медицински хеликоптер, но настраданото лице, кое требало да биде транспортирано поради сериозноста на повредите, подлегнало на повредите. Повреденото лице е пренесено во Општата болница во Вировитица, каде што му е укажана медицинска помош.
На местото на трагедијата се врши увид под раководство на заменик-жупанискиот државен обвинител од Бјеловар, кој ќе ги утврди причините и околностите на кои дошло до несреќата. Поради завршувањето на увидот, државниот пат ДЦ 538 е затворен за сообраќај до понатамошно известување.




