Први мај не може да се замисли без вкусна скара! А со секое совршено пригответо месо, мора да имаме и скараджиско макало. Ќе ти откријам како да подготвиш извонредна скара и скараџиско макало.
Месото го обезбедив од месарницата на Агриа и овојпат решив да правам мешана скара – ќебапи, плескавици, увијачи, ребра… Друштвото е собрано, а храната ќе биде главниот дел од нашата дружба.
Состојки за скарата:
– Ќебапи
– Увијачи
– Плескавици
– Ребра
– Ражничи
Состојки за макалото:
– 5-6 чешниња лук
– Сол по вкус
– ¼ чаша масло
– 1 лажица оцет
– ½ чаша топла вода
– ½ чаша ладна вода
– Магдонос за декорација
Подготовка:
Скарата намачкајте ја со масло и поставете го месото за печење. Ќебапите и плескавиците оставете ги да се печат околу 10 до 15 минути, додека разничите имаат потреба од 3 до 4 минути од страна. Ребрата и увијачите се печат, исто така, од 10 до 15 минути од секоја страна.
Додека месото се подготвува, време е да го направите макалото. Лукот исечкајте го на 3-4 дела и ставете го во сад за толчење. Додајте малку сол и толчете неколку минути. Постепено внесувајте масло додека не добиете густа кремаста смеса. Потоа се додава оцетот и добро се меша. На крај, со постепено мешање, се додава водата и по желба, магдоносот. Скарата сервирајте ја со макалото.
Совети плус:
Месарниците на Агриа ги може да ги најдете во Велес, Битола и Штип, а нивното месо е достапно и во маркетите Тинекс и Рамстор. Набавете квалитетно месо од Агриа и уживајте на Први мај. Македонска свежина и квалитет во секој залак!