Според информации од британските медиуми, капитенот на шкотската фудбалска репрезентација, Енди Робертсон, долгогодишен лев бек на Ливерпул, би можел да се приклучи на Тотенхем. Робертсон досега има поминато 10 од 12 сезони во Премиер лигата играјќи за Ливерпул.
Своето патешествие во Англија го започна во 2014 година, кога дојде од Данди Јунајтед, играјќи прво за Хал. По дебитантската сезона, иако тимот испадна во Чемпионшип, во следната година повторно се врати во елитата на англискиот фудбал.
Во Ливерпул се приклучи во 2017 година, каде што бргу се наметна на левата страна во стартната постава. Сепак,његовата позиција беше загрозена со заминувањето на германскиот тренер Јирген Клоп и доаѓањето на холанѓанецот Арне Слот.
Минатата сезона, Робертсон одигра само 13 натпревари во Премиер лигата, а со доаѓањето на новиот тренер Слот, клубот донесе и нов лев бек, Милош Керкез.
Се говори дека Тотенхем испратил понуда до 31-годишниот фудбалер. Сепак, Би-Би-Си известува дека Ливерпул не планира да привлекува нов лев бек, откако го обезбеди 19-годишниот Бразилец Соуза.
Иако Бразилецот е млад, менаџерот Томас Франк е во потрага по искусен играч на оваа позиција.
Договорот на Робертсон истекува летоска, а тој неодамна изјави дека нема јасна представа за својата иднина.
Фото/ EPA




