Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска учествуваше на церемонијата за примопредавање на возила и специјализирана опрема за Министерството. Овие средства беа обезбедени преку регионалниот ИПА проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“. Во рамките на донацијата, предадени беа 30 возила…
Тошковски истакна дека со оваа поддршка се зајакнуваат напорите во борбата против криумчарењето на мигранти и трговијата со луѓе, што е од особено значење за безбедноста во регионот.




