Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во придружба на амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, и постојаниот претставник на програмата за развој на Обединетите нации (УНПД), Армен Григоријан, извршија увид во активностите за изградба на граничниот премин „Маркова Нога“. Во моментов, се реализира проектот за градење на граничната станица на Преспанското Езеро, чие отварање се очекува да донесе нови можности за развој, поврзаност и соработка во регионот.




