Тошковски: Потребни се системски реформи за справување со пожари и елементарни непогоди

Со 324 пожари само во 2024 година, нивната одговорност е огромна, а меѓусебната соработка меѓу ДПД и ТППЕ е на завидно ниво. Имав можност да ги видам нивните ресурси, да ги слушнам предизвиците со кои се соочуваат и да разговараме за тоа како да изградиме поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди, порача Тошковски

Потребни се сериозни системски реформи за брза и ефикасна реакција во справувањето со секоја кризна ситуација, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по средбата со припадниците на Доброволното противпожарно друштво Кочани и Територијалната противпожарна единица Кочани.

„Овие храбри луѓе, со огромна посветеност ги покриваат не само Кочани, туку и општините Зрновци и Чешиново-Облешево. Со 324 пожари само во 2024 година, нивната одговорност е огромна, а меѓусебната соработка меѓу ДПД и ТППЕ е на завидно ниво. Имав можност да ги видам нивните ресурси, да ги слушнам предизвиците со кои се соочуваат и да разговараме за тоа како да изградиме поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди. Јасно е дека се потребни сериозни системски реформи за да обезбедиме брза, ефикасна и координирана реакција во секоја кризна ситуација“,

кажа Тошковски.

Тошковски најави дека ќе се преземат мерки за поддршка и влог во иднината на доброволните противпожарни друштва. Тој изрази благодарност до сите пожарникари и доброволци за нивната пожртвувана работа која е од непроценливо значење за безбедноста на граѓаните.