Познатиот британски музичар Сер Том Џонс објави дека тргнува на голема светска турнеја, во рамките на која ќе одржи повеќе од 30 концерти.
Иако има 84 години, тој заедно со својот тим ќе патува низ светот, започнувајќи од 17 април со концерт во Канада, а турнејата ќе ја заврши на 20 август во Кардиф, Велика Британија.
Покрај настапите во Канада и САД, Џонс ќе има концерти и во повеќе европски држави, меѓу кои се Грција, Хрватска, Романија, Унгарија, Норвешка и Велика Британија.
Инаку, овој уметник со велшко потекло е дел од музичката сцена веќе шест децении. За време на својот 80-ти роденден, изјави дека ќе продолжи да пее сѐ додека неговиот глас му тоа го дозволува.