На 23. јануари 2026 година, во 00:15 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акција на ул. „Благоја Тоска“ во Тетово, при што го лишија од слобода Д.М. (47) од село Камењане, тетовско.
Тие запреле возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.М., кој се движел во спротивна насока на патот. По преземени мерки, утврдено е дека возачот е под дејство на алкохол, со 1,57 промили алкохол во крвта. Веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Откако било комплетно документирано настанот, против Д.М. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.




