Тешка несреќа на автопатот, најмалку пет загинати

Најмалку пет лица ги загубија своите животи во страшна сообраќајна несреќа која се случи на автопат во Словенија.

Според првичните информации од полицијата, возачот на комбето удрил во камион што стоел во колоната. Несреќата се случила околу 10:30 часот на штаерскиот автопат, блиску до излезот за Словенска Коњица, во правец на Љубљана.

Иако првично беше објавено дека четири лица загинале, а две се повредени, полицијата подоцна потврди дека уште едно лице починало. Ниту еден од загинатите не е државјанин на Словенија.

На терен се присутни служби за итни случаи, како и воен хеликоптер кој слета во близина на местото на трагедијата.