Голманот на Барселона и репрезентативец на Германија, Марк-Андре Тер Штеген, ќе биде на позајмица во Џирона до 30 јуни оваа година, соопштуваат двата шпански клуба.
Според постигнатиот договор, Барселона ќе покрие околу 90% од платата на Тер Штеген.
33-годишниот Тер Штеген пристигна во Барселона во 2014 година од Борусија Менхенгладбах, а оваа сезона има одиграно само еден натпревар за тимот на „Ноу Камп“.
Денес тој имаше прв тренинг со својот нов клуб. Како голман на германската репрезентација, учествуваше на 44 натпревари.
Фото: depositphotos




