Тензии меѓу Индија и Пакистан: Раст на безбедносниот конфликт во регионот

Индија спроведе 24 прецизни ракетни удари на девет различни места во Пакистан и Кашмир, при што загинаа 70 терористи, според владини извори. Нападите биле одговор на терористичкиот инцидент во Пахалгам, а целата операција, позната како „Операција Синдор“, се толкува како потврда на стратешката решителност на Индија, извести телевизијата NDTV. Според извори, ракетните напади биле внимателно планирани и таргетирале терористички бази поврзани со организациите Лашкар-е-Таиба и Џаиш-е-Мохамад. Меѓу загинатите биле команданти од средно и високо ниво, а повеќе од 60 лица биле повредени во нападите кои се одвивале на локации како Музафарабад, Котли, Бахавалпур, Равалакот, Чаксвари, Бимбер, долината Нилум, Џелум и Чаквал.