Тензиите се зголемуваат: Танкерите се повлекуваат од Ормутскиот теснец

Сообраќајот во Ормутскиот теснец и натаму бележи сериозни нарушувања, откако два танкера со течен нафтен гас не успеаја да го напуштат Персискиот залив. Според информациите од системите за следење на бродови, станува збор за бродовите „Меда“ и „Г Самер“, кои биле единствени со активни транспонтери и се обиделе да поминат низ теснецот. Сепак, двата пловила се свртеле и ја промениле насоката кон југ, во близина на иранскиот остров Ларак.

„Меда“ е во индиска сопственост и управувана од таму, а испловила е од сидриште во Обединетите Арапски Емирати. Од друга страна, „Г Самер“, кој е во кинеска сопственост, потекнува од Кувајт. Во меѓувреме, не се забележани други бродови кои се обиделе да го поминат теснецот во било кој правец, откако Иранската револуционерна гарда објави дека пловниот пат повторно е затворен за сообраќај.

Прочитајте и:  Трамп повторно изврши географска грешка: Му се обрати на катарскиот емир дека Иран е „на соседната граница“

Оваа ситуација дополнително ги засилува стравувањата за глобалниот енергетски пазар, особено со оглед на фактот дека преку Ормутскиот теснец поминува значителен дел од светската трговија со нафта и гас.