‘Temple Run 2’ за iOS превземена 20 милиони пати за 4 дена

‘Temple Run 2’ има собрано над 20 милиони преземања во првите четири дена на  iOS App Store, од кои шест милиони од нив само во првиот ден. И покрај тоа што е првично бесплатно симнување, оваа долгоочекувана игра, исто така, најверојатно ќе стане една од апликациите со најголема заработувачка во продавницата благодарение на премиум купувањата кои се вклучени во истата. Тоа значи дека ‘Temple Run 2’ е најуспешно лансирана игра во iOS историјата.

Колку за споредба, ‘Angry Birds Space’ имаше 10 милиони превземања во 3 дена за сите платформи. Од другите категории, враќањето на ‘Google Maps’ на iOS беше проследено со 10 милиони превземања за 48 часа. Првата верзија на играта ‘Temple Run’ имаше 170 милиони превземања од iOS, Google Play и продавницата на Amazon.

За некој ден се очекува ‘Temple Run 2’ да пристигне и на Google Play, за Android корисниците.

27906_1_temple_run_2_releasing_to_the_us_tonight_at_11_00est_full

- Реклама -