Македонија е под влијание на сува и многу студена воздушна маса која продира од север, што резултира со намалување на температурите и засилен северен ветер во некои региони. Според измерените податоци на Управата за хидрометеоролошки работи до 19 часот, во скијачките центри и на повисоките планински области веќе се забележуваат минусни температури. Утре се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а Управата најавува дека во утринските часови на некои места ќе може да провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. До вторник, времето ќе биде претежно облачно и суво, а во среда се прогнозираат врнежи од дожд, посебно во западните делови на државата.




