Трајковска беше пријавена за исчезната на 8 ноември лани, а последен пат беше видена на автобуска станица во скопското село Јурумлери
Телото на жената, кое минатата недела беше извлечено од водите на Вардар кај селото Таор, Зелениково, е на исчезнатата 43-годишна Лидија Трајковска, потврдија за „360 степени“ од Министерството за внатрешни работи.


Трајковска беше пријавена за исчезната на 8 ноември лани, а последен пат беше видена на автобуска станица во скопското село Јурумлери.
При првичната полициска потрага, беше утврдено движењето на жената. Таа од Јурумлери се упатила по патот што води кон Драчево, а на тој пат, во близина на мостот на реката Вардар, при пребарување на теренот, биле најдени кутија од цигари, запалка и џемпер. Сопругот на Трајковска потврдил дека цигарите и запалката биле нејзини.
Точно два месеци по нејзиното исчезнување, полицијата минатата недела извлече женско тело од реката Вардар.
„На 9.1.2025 во 11:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во с. Таор, Општина Зелениково, покрај стариот пат кон с. Пакошево, Општина Зелениково, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки“,
наведоа од МВР во писменото соопштение.
ДНК-анализата утврди дека се работи за Лидија Трајковска.