Тексас поднесе тужба против Нетфликс: Обвинувања за шпионирање и создавене зависности

Државниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон, поднесе тужба против Нетфликс, обвинувајќи ја платформата за нечуствителни деловни практики. Според тужбата, Нетфликс незаконски собирал информации од своите корисници без нивна директна согласност, опишувајќи го тоа како „шпионирање на потрошувачите“. Пакстон тврдеше дека платформата е намерно дизајнирана да создава зависност кај гледачите, преку начинот на кој функционира и преку препораките за содржина. Во тужбата, се истакнува дека структурата на платформата има за цел да поттикне подолго гледање и редовно користење на сервисот. За сега, од Нетфликс нема официјален коментар во врска со овие обвинувања.

Прочитајте и:  Мицкоски од Велес: Со ребалансот ќе се обезбедат средства за поврзување на хидросистемот Лисиче со езерото Младост, летово започнува изградбата на подземната катна гаража.