Управата за јавни приходи известува дека мобилната апликација „МојДДВ“ моментално се соочува со прекиди во работата. Тимот на УЈП интензивно работи на решавање на проблемите, со цел апликацијата повторно да биде целосно функционална, се истакнува во соопштението.
Корисниците се информираат дека, согласно со член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа подразбира дека сите сметки издадени во овој рок ќе можат да се скенираат веднаш по повторното активирање на апликацијата.
Сте молиме за трпеливост и разбирање. Тимот на Управата за јавни приходи е целосно посветен на решавање на техничките предизвици, се наведува во соопштението од УЈП.




