ТЕАТАРСКИ ЈУБИЛЕЈ – СТОТА ИЗВЕДБА НА „КЕЦ НА ДЕСЕТКА“ И ДЕВЕТ ГОДИНИ ВЕРНА ПУБЛИКА

На 19 февруари, од 20 часот, една од најпопуларните претстави на камерната сцена на Македонскиот народен театар, комедијата „Кец на десетка“, ќе го одбележи својот 100-ти јубилеј.
По девет години од својата прва изведба, оваа претстава продолжува да плени со својот интензитет и динамизам, повторно освенувајќи ја публиката.
Во текот на изминатите години, актерска енергија и посветеност на сцената демонстрираат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Деан / Софиа Насевска-Трифуновска и Ивица Димитријевиќ.
Секоја изведба создава искрена и непосредна комуникација со публиката, која е активен учесник во заедничкото доживување.
Комичните ситуации и спонтаната интеракција со публиката произлегуваат од вешто создадениот текст на Митко Бојаџиски, како и од колективната режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, кои ѝ даваат на претставата уникатен печат и автентичен сценски шарм.
Овој јубилеј е доказ дека „Кец на десетка“ е претстава со континуирана сценска вредност и неизменлив интерес од страна на публиката.

Фото: Принтскрин/Facebook