Женa од Македонија почина на плажа во Грција.

Жена од Македонија починала на плажа во Метармофоси, во општина Ситонија на Халкидики. Според информации, жената имала 77 години, а за жал, причината за нејзината смрт не е позната.

И покрај напорите на службите за итни случаи да ја спасат, таа починала по пренесувањето во здравствениот центар во Агиос Николаос. Телото на починатата ќе биде испратено на обдукција за да се утврдат точните околности на нејзината смрт.