По полициска акција во селото Трново, недалеку од Крива Паланка, татко и неговите две ќерки од Жидилово добија осумдневен притвор. Овој случај е поврзан со нивното големо стадо од повеќе од 500 крави, како и со серија инциденти кои, според обвинителството, со месеци го загрижуваат локалното население. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, приведувањето се реализирало на 2 декември 2025 година околу 16 часот, на местото познато како „Самоков“. Лицата Г.Ѓ. (57) и неговите ќерки А.Ѓ. (30) и А.Ѓ. (22) биле лишени од слобода од полициски службеници од Крива Паланка.
Јавниот обвинител веднаш побарал притвор за сите тројца, образложувајќи ја одлуката со опасност од бегство и можноста повторно да го извршат делото. Обвинителството посочува дека семејството со своето однесување континуирано малтретирало жители и соседи, што продолжило и покрај бројните интервенции на надлежните институции. Последниот инцидент, за кој се сомневаат, вклучува спречување на службени лица да постапат според решение за одземање на добитокот, во кој се вклучени инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство и униформирани полициски службеници. Истражните органи продолжуваат со работата на утврдување на сите околности поврзани со овој случај.




