Светскиот првак во бокс повреден во сообраќајна несреќа, двајца починати

Британскиот боксер и поранешен светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, бил повреден во сообраќајна несреќа во нигериската сојузна држава Огун, при што загинале две лица, информираше локалната полиција.

Триесетишестгодишниот Џошуа претрпел полесни повреди откако неговиот автомобил се судрил со друго возило, појасни полицијата од Огун.

Во моментов, полицијата спроведува истрага за утврдување на причините за инцидентот.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од Џошуа, кој седел без маица на задното седиште, а околу него имало остатоци од скршено стакло. Според информации од локалните медиуми, тој бил на задното седиште кога се случила несреќата, која се случила при судир со паркиран камион.

Џошуа има семејно потекло од градот Сагаму, кој се наоѓа во сојузната држава Огун, на југозападот на Нигерија.

Прочитајте и:  Луис Хамилтон удрил механичар на Големата Награда во Белгија