Светскиот ден на театарот: Театарот „Војдан Чернодрински“ ќе го прослави со изведба на претставата „ЧУДЕСНИОТ НАПИТОК“ од Театарот „Златен Елец“.

На Светскиот ден на театарот, Театарот „Војдан Чернодрински“ ќе приреди изведба на претставата „Чудесниот напиток“ од Театар „Златен Елец“, на 27 март (петок) во 11.30 часот, во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“.

Во претставата настапуваат:
Хари – Бобан Алексоски
Хермиона, Валдена – Надица Петрова
Визли, Гринимор – Бранко Михајлоски
Волдемор – Тодор Стојковски (глас)
Професорката Меконакен – Ванеса Тримчевска (глас)

Оваа претстава раскажува приказна за младиот волшебник Хари Потер, кој заедно со своите пријатели го открива познатиот чудесен напиток, оставен од волшебникот Гринимор. Напитокот доаѓа со упатство, односно книга полна со загатки кои треба да ги решаваат. Но, во приказната се појавува злосторничката Валдена, која безмилосно ги напаѓа и им ја одзема книгата. Потоа, самиот Гринимор доаѓа за да ги предупреди дека кога ќе го отворат шишето, ќе се појави и дел од духот на најголемиот и најлошиот волшебник, Волдемор, кој се враќа од мртвите. Ова е интерактивна театарска претстава наменета за деца на возраст од 3 до 11 години, која преку многу забавни и магични театарски игри, ги истакнува љубовта, другарството и вербата како најголеми сили на човештвото.

Прочитајте и:  Министерството за здравство: Забележително намалување на новопрегледаните пациенти во Гостивар