Светскиот број 1 диџеј – HUGEL за еден месец во Скопје!

Скопје се подготвува за незаборавен настан од светска класа! На 13 март 2026 година, во арената „Борис Трајковски“, ќе настапи легендарниот HUGEL со своето ексклузивно шоу “UP ALL NIGHT” и интересот е огромен уште од самиот почеток.

Ова ќе биде единствен настап на HUGEL во нашата регија, што дополнително го зголемува значењето на настанот. Францускиот диџеј и продуцент е на светска турнеја со настапи речиси секој ден во различни делови на светот — од Европа, преку Латинска Америка, па сè до Азија и Австралија. Повеќето од неговите настани се веќе распродадени, а организаторите очекуваат истото да се случи и во Скопје.

HUGEL важи за еден од најпопуларните артисти на современата електронска сцена, со милиони стримови и настапи на најголемите светски фестивали. Шоуто „UP ALL NIGHT“ во Скопје ќе биде аудиовизуелно искуство со продукција на врвно интернационално ниво, специјална сценографија и незаборавна атмосфера.

Прочитајте и:  (Видео) Меси во солзи по поразот во финалето

Билетите се достапни за купување преку kupikarta.com, а организаторите упатуваат апел да се обезбедат навреме по актуелните цени, со оглед на зголемениот интерес и продажба.

На 13 март 2026, Скопје ќе биде дел од светската турнеја на HUGEL!

UP ALL NIGHT. Скопје е подготвено!