Роден во 1966, а сега веќе еден од најуспешните претставници на современата кинеска уметничка сцена, фотографот Wang Qingsong, постојано ја обработува темата на глобализацијата. Во своите дела често ги вметнува американските компании Coca-Cola и McDonald's кои се дел од потрошувачката поп култура која и во Кина си го најде своето место меѓу младите.
Роден во 1966, а сега веќе еден од најуспешните претставници на современата кинеска уметничка сцена, фотографот Wang Qingsong, постојано ја обработува темата на глобализацијата. Во своите дела често ги вметнува американските компании Coca-Cola и McDonald's кои се дел од потрошувачката поп култура која и во Кина си го најде своето место меѓу младите.
Според Wang, користењето на вакви брендови има поразлично значење на истокот, навлегувањето на западните влијанија драстично ја менува Кина, а младите таму сосема ја забораваат традицијата. Одењето во McDonald's дури се смета за некој вид престиж и луксуз, само затоа што доаѓа од запад.
Wang гледа дека идеалите, почитта кон старите херои и секоја надеж за подобро утре се губат, а се јавува само нескротлива желба за пари и моќ.
Imperior Sedan е слика која документира дел од историјата на Кина, каде претставник на централната моќ има пријателски однос и отворена комуникација со обичниот народ. Wang Qingsong ја создаде современата верзија на ова дело.
Imperior Sedan
Can I Cooperate with You?, 2000
Court Lady with Flowers
Сликата го претставува благородничкиот живот на четири конкубини и две дворски дами, кои си играат со куче, берат цвеќе, држат свилени ладала. Денес, според Wang тоа изгледа вака
Минато, сегашност, иднина 2001
Поставеноста на моделите во скулптурата е во манирот на монументалните комунистички споменици кои и денес може да се видат во Кина. Моделите се премачкани со кал, сребрен и златен спреј, упатувајќи на промените од револуционерното минато, денешната модернизација и иднината која со нетрпение ја чекаме. Авторот се претставил како минувач, набљудувач на спомениците.
Preincarnation no.1, 2002
Во
China Mansion е сумиран начинот на кој Wang ја гледа Кина во тековниот процес на глобализација. Кинезите се возбудени од доаѓањето на странски експерти по економија, технологија, архитектура, кои ќе ја подобрат ситуацијата во земјата. Но, поради ваквите одлуки се создава уште поголема социјална контрадикција. Во ова дело неколку модели ја играат улогата на странците и имитираат држење од сликите на Manet, Rembrandt, Rubens. Просторијата е исполнета со кинески, но и антиквитети од западот.
China Mansion, 2003
Ова дело се фокусира на моќта на рекламите и заблудите кои тие ги произведуваат. На огромниот билборд изграден во студиото, повеќе од 20 луѓе се борат за што подобро место за нивната реклама.
Commercial War, 2004
Археологот е снимена во 3 на 8 метри голема дупка каде 30 голи модели се прекриени со кал, а авторот го игра археологот кој ги истражува останките. Ова е рефлексија на ставот на Wang кој денешните луѓе ги смета за мртви во умот и душата, и вели дека треба да се прегледа нивното постоење.
Археолог, 2004
Студентски дом, 2005
Ноќна патрола, 2005
Славење на надежта, 2007