Авионскиот сообраќај од и кон Грција утре претпладне ќе се одвива без пречки, откако беше прогласен за незаконски четиричасовен прекин на работата на контролорите на летање, известува дописникот на МИА од Атина.
Контролорите на летање во Грција првобитно најавија прекин на работата од 9:30 до 13:30 часот по локално време во знак на поддршка на 24-часовниот штрајк што го организирани Синдикатот на јавниот сектор. Сепак, овој прекин беше поништен од страна на Првостепениот суд во Атина, кој го прогласи за невалиден.
Со оваа одлука, закажаните летови ќе продолжат да функционираат без забавување, а воздухопловниот сообраќај ќе остане во редовен тек.




