Судир на два трамваи во Рим, повредени околу десет лица

Десетина лица се повредени денеска и пренесени во болница по судирот на два трамваи во римската населба Пињето. Според првичните информации, никој од повредените не е во сериозна состојба, информираат локалните медиуми. Повредените биле транспортирани со возила на итната медицинска помош во неколку болници во Рим.

Итните служби и полицијата веднаш реагирале и пристигнале на местото на несреќата по судирот на трамваите што сообраќале на линиите 5 и 19. Инцидентот се случил околу осум часот наутро. Полициските службеници привремено го затвориле овој дел од градот за сообраќај и помогнале во организирањето на спасувачката операција за извлекување на повредените патници.

Во моментов, полицијата спроведува истрага и реконструкција на настанот, а сообраќајот во меѓувреме се нормализира. За сега, не е утврдено што точно довело до судирот на трамваите.

Прочитајте и:  Синер триумфираше во Монте Карло и се врати на врвот на АТП ранг-листата.