Во Истанбул се случија најголемите протести во Турција по приведувањето на градоначалникот на градот. Беа задржани 37 лица поради коментарите што ги оставија на социјалните мрежи за апсењето на Екрем Имамоглу, градоначалникот на Истанбул. Оваа информација ја соопшти турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја. Според министерот, осомничените „со своите изјави поттикнале кривични акти и омраза“. Група од разлутени граѓани кои се собраа пред општината во Истанбул извикуваа „Ердоган, диктаторе“ и „Имамоглу, не си сам!“. Имаше и судир со полицијата, која употреби солзавец за да ги растера демонстрантите од просторот пред Универзитетот во Истанбул.